Вчудоневиден сум со која леснотија се предлага ваква политика од Владата имајќи во предвид дека богатите скандинавски земји примаат едноцифрен број на Авганистанци, дел од побогатите земји на Балканот, исто така прифаќаат едноцифрен број на лица. Баш би сакал да видам една поголема солидарност и на дело да ги видам европските вредности од страна на побогатите држави, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на централниот дневник на телевизија Сител.
„Една мала земја како Македонија која е континуирано уценувана од ЕУ за влез прима по 7 до 10 пати повеќе бегалци. Јас сакам да ја видам солидарноста на побогатите. Кога ќе ја видам нивната солидарност тогаш можеме да зборуваме за други работи“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека Владата прави погрешен чекор.
„За мене владата прави погрешен потег, уште една глупост која нема граници. Зошто кога побагати одлучиле да примат едноцифрен берој на бегалци, Владата која не може за своите граѓани да се грижи го прави ова. Па на пример, ние имаме глупави мерки за корона, не знаеме кога ќе почне и како школската година поради бројката на заболени од корона, ама Владата одлучува да прима бегалци“, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.