Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Велигден ќе го помине дома со сопругата и двата сина. Toj вели дека овој пат празникот ќе помине без вообичаеното одење во некој од блиските божји храмови и следење на велигденската литургија, но секако најважно е што се чуствува во срцата. Додека беше во самоизолација поради коронавирусот Мицкоски за „Слободен печат“ кажа дека најмногу му недостасувало семејството но и слободата на движењe. Тој упати порака дека многу важно луѓето да се однесуваат совесно и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.

Запрашан како гледа на најновата ситуација. Дел од членовите на Владата се во самоизолација откако беа во Куманово, лидерот на најголемата опозициска партија вели дека Куманово е жртва на меѓупартиски препукувања на оние кои ја водат владата и оние кои го водат градот.

Сметам дека Куманово е жртва на меѓупартиските препукувања на оние кои ја водат владата и оние кои го водат градот. Јасно не ја гледаат големата слика, а тоа е здравјето на народот, туку и на двете страни, поважна им е доминацијата во градот и нивната кариера. Неодговорното и ненавремено постапување доведе огромна бројка на заразени лица. Се пропушти шансата за брза реакција, но не пропуштија водствата на владата и градот да си комуницираат преку медиуми и да бистрат политика додека градот бележи негативни рекорди во бројот на заболени. Потребна е кризна состојба и карантин како што беше во Дебар. А воедно сум загрижен и за состојбата во Прилеп. Што се однесува до тие кои што се во самоизолација, но и ја имаат заразата, единствено што можам да им порачам е да го сочуваат здравјето, тоа е најважно, и искрено посакувам нивно враќање во нормала и секојдневниот живот, истакнува Мицкоски.

Христијан Мицкоски во интревјуто говори и за нергументираните обвинувања на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ не нашла начин како вистински да помогнете да помогне во борбата со пандемијата. Според Мицкоски она кон што треба приоритетно да се насочи оваа влада е како да се покрие дупката од над една милијарда евра која што ќе ја забележи буџетот. Ете тоа е поважно од тоа да се редат етикети.

Видете не би навлегувал во политикански игри или залудни и неаргументирани обвинувања. Не е време за тоа. Мислам дека она кон што треба приоритетно да се насочи оваа влада е како да се покрие дупката од над една милијарда евра која што ќе ја забележи буџетот. Ете тоа е поважно од тоа да се редат етикети. А за тоа како се случи од земја која „блескаме“ да стигнеме до земја која живее на работ и незнае владата од каде да обезбеди средства, за тоа ќе дојде време да се позанимаваме.

Да потсетам Заев имаше политички слоган дека сме оделе напред. Каде е тоа напред и во што одиме ние напред кога имаме разорена економија, а секој ден луѓе остануваат без работа. Не постои стопанственик кој е задоволен од мерките на владата, и ова не го кажувам затоа што сме опозиција па нормално е опозицијата да критикува, ова го кажувам затоа што работите се алармантни. Економијата и цели сектори замираат.

Владата не си ја исполнува улогата да помогне на бизнисот, туку напротив бизнисот ја чуствува за товар неукоста и неспособноста на владата во менаџирањето на кризата. Ние како опозиција ќе продолжиме конструктивно да делуваме, да даваме и нудиме решенија, но воедно треба да знаат дека подадената рака не значи дека може тоа да се злоупотребува. Трпението на многумина е при крај. Да се надеваме дека Владата ќе ја свати сериозноста на состојбите, потенцира Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.