Не сакам дека верувам во тезата дека граѓаните се виновни за ситуацијата. Надележните имаа безусловна поддршка, луѓето им ги дадоа сопствените животи на располагање, први влеговме во кризата, а не сме излегле од кризата. Соседите зборуваат за опоравување. Јас се чувствувам понижено од авторитетите кои ја имаа безрезервната поддршка. Требаа да повикаат помош, а тие се толку самобендисани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Телевизија 21.

Според него има втор пик на првиот бран.

-Не може сега со пи-ар трикови да го обвинуваме народот. Народот безрезервно ги поддржуваше. Но,народот е мудар, те почитува но ако не е како што треба казнува. Што се случи, што направија, семејствата во црно ги завивја, се губат човечки животи, не може ова да помине без одговорност, рече Мицкоски.

Тој додаде дека е нелогично и тоа што го прават во ваква ситуација и говорат за избори.

-Не е дали јас и ВМРО-ДПМНЕ се согласуваме дека избори треба да се организираат за 22 дена од завршување на вонредната ситуацијата, Државната изборна комисија кажа дека не може да се организираат избори за 22 дена.Тие рекоа не можеме да организираме фер и демократски избори за толку краток период, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.