Аферата за која што зборува ВМРО-ДПМНЕ деновиве, а во која се вклучени кандидати за градоначалници на СДСМ, за Скопје и за Карпош, беше тема што ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуелот со премиерот Заев. Мицкоски ја понуди како прмер оваа афера на констатацијата на премиерот дека конечно во Македонија има независно судство и обвинителство кое се бори со корупцијата.
Изработена делница за реконструкција на водовод неколку месеци пред да се потпише договорот со изведувачот. Ќе го охрабрите ли обвинителството како што го охрабривте за Луј Витон чантата да покрене истрага за оваа коруптивна афера, бидејќи законот важи за сите, праша Мицкоски.
Заев рече дека обвинителот и истражителот се должни да донесат еднакво одлука за секој без разлика на позицијата и блискоста со власта.
Треба да доставите докази, зашто тоа што зборувате не е вистина, рече Заев.
Утре е биде доставена кривична пријава за злоупотреба на службена должност за директорот на ЈП Водовод, и тоа е само почеток. Деновиве ќе доставиме кривични пријави и ќе објавуваме коруптивни скандали за другите, рече Мицкоски, а Заев повтори дека не верува во вистинитоста на зборовите на Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.