Вчера бев да се вакцинирам иако на 23 август правев тест и имам близу 1200 антитела, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. Мицкоски смета дека мерките се катастрофално глупави и иако има антитела, не може слободно да се движи, па без камери и помпа со сопругата заминал во салата „Борис Трајковски“ и ја примил првата доза.
Вчера ја добив вакцината и за еден час можев да седнам било каде, дополнително никој не знае ни дали докумнетот е мој, нешто што е целосно неприменливо. Вработените не се вакцинирани, а гостите треба да се вакцинирани, посочи Мицкоски.
Тој укажа дека ако власта и надлежните не знаат што да прават треба да видат што се прави во другите држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.