Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ се осврна на процесот на вакцинација, пред се на сликата од минатиот викенд кога колона возила и многу граѓани заминаа за Србија да примат вакцини.
Секоја чест на Србија. Но, колоната возила да се гледа на граница, изгледа како филмовине од Холивуд кога има апокалипса, доаѓа бран на цунами и масовно луѓето се евакуираат – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша „дали видовте таква колона на границата со Хрватска, јас не видов, со Црна Гора, Албанија, не видов“ и додаде „таква масовна посетеност имаше само од Македонија“.
Тоа доволно говори за неспособноста и поразот. И проблемот е што нема одговорност. Тоа боли најмногу – кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.