Споделувајќи го потресното сведоштво на Ибин Емшиу, кој во несреќата во ковид-центарот во Тетово ги загуби и својот татко и својот брат, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повика итни оставки од Хасани, Филипче и Заев, за да не влијаат на истрагата.

Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент.
Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
Прашањето е кој се заканувал?
Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?
За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.