Претседателот Мицкоски во Кочани ја искоментира и изјавата на Заев кога зборува за правда и правна држава, додавајќи дека кога го слуша Заев како зборува за правда е исто како Ал Капоне да вели дека е невин.
Го слушам Заев пред некој ден вели Обнова, па обнова, обнова па обнова, велат човек ликот може да го смени ама карактерот не. Таков е сака да си позајмува без да праша. Има еден збор за тоа. кога го слушам па за тоа кога зборува за правда тоа е исто како Ал Капоне да вели дека е невин. Ете тоа е Зоран Заев кој што ќе дојде овде во Кочани и кој што ќе бара поддршка од вас. Човек кој што со десната се држеше за срцето, се колнеше во најмилото, се колнеше жицата, а лажеше, не ја говореше вистината. Повторно ќе дојде овде и ќе застане пред вас, верувајте тој нема срам и тие што се со него што го подржуваат немаат срам. И повторно со раката на срце ќе ја наведнат главата и ќе ви ветуваат се и се што и се што сакате да слушнете ќе ви кажат. Но после 15 јули јас сум сигурен дека ќе ја немаат таа можност. Единствено нешто што ќе им биде приоритет се скапите возила, кожните фотелји во владата и дебелите персиски килими, луксузот, тендерите во четири очи криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.