За време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, истакна дека власта се наоѓа во фаза на предвизантиска пропаст – опиени се од власт и од многу пари, беззаконие и политички блуд добиваат лажна сила, и надменост иако внатре се е труло и фиктивно, како што е фиктивен оној бројчаник кој Заев го ветуваше на Триумфалната порта, а никогаш не проработе.
Сеачи на магла се тие. 4 години убедуваат дека само што не ни тргнало, а станало од ден на ден се полошо и полошо. Ниту еден проблем не решија, ниту едно прашање достоинствено не затворија.
И во таква една ситуација најдоброто што знаат да го изустат, е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање со надеж да ги свртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. Епа еве да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое немаме јасен и прецизен став, исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниту еден проблем кој што е секојдневие на народот во Македонија.
Го уништија и засрамија македонско национално чувство. Нема ниту ЕУ а нели Заев велеше дека ги отворил портите за ЕУ.
Може да отворат порти, ама зад тие порти се наоѓа длабока провалија – порача Мицкоски.
Тој истакна дека свитканата кичма на Заев не донесе ниру леб за сиромашните, ниту иднина за гладните, туку донесе само чемер и јад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.