Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Сител изјави дека од тоа што јавноста го гледа, пописот во дијаспората личи на се освен на статистичка операција.

Мицкоски изјави дека допрва ќе се види дали на 1 април ќе почне пописот.

Гледаме двајца платени со државни пари, со парите на граѓаните, министри влијателни во Владата, едниот вицепремиер другиот за министер надворешни работи, што прават наместо да шетаат по светот и по фабриките за вакицни да бараат вакицни за граѓаните во Македонија. Сега ние имаме војна, затоа што вирусот не бира ниту нација, ниту вера ниту боја на кожа. Наместо тие да шетаат по фабрики и да донесат некоја вакцина плус, ги гледаме како таму се собираат со 10-15 луѓе, зборуваат за попис, трошејќи ги парите на граѓаните – изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен предлог, односно одложување на пописот до есен, а може и одложување на локалните избори за еден месец.

Во првиот момент кога попишувачите ќе бидат имунизирани и нема да шират зараза, тогаш може да има попис – додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.