Лидрот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција обелодени дека деновиве ќе ги повика лидерите на опозициските партии на лидерска средба во Клубот на пратениците на која ќе се разговара за иднината на Македонија, доколку власта тоа не го направи.

Доколку власта тоа не го направи, деновиве ќе ги повикам лидерите на опозициските партии на лидерска средба. На лидерската ќе се разговара за иднината на Македонија, за сите напластени проблеми кои се резултат на лошите политики на Зоран Заев. Поткупуваа уценуваа и успеаја да освојат 10.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Тој поткуп денеска не доведе до бездна, да бираме или асимилација или евроинтеграција. Ние со тоа не можеме да се согласиме, потребно е ресетирање на општеството, потребни се нови политичари кои ќе можат да се изборат за достионствен влез на Македонија во ЕУ – рече Мицкоски.

Тој додаде дека освен опозициските лидери Зијадин Села и Африм Гаши, ќе се обиде да ги добие и лидерите на партиите кои се во власт со Заев за да присуствуваат на лидерската.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.