Мислам како опозиција, не само ние, тука морам да дадам пофални зборови и за останатите опозициони партии пред се мислам на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, мислам дека функционираме прилично конструктивно во насока на тоа да ги подобруваме во квалитативна смисла предлозите на власта, бидејќи тие немаат квалитет во себе и ценам дека тоа е една добра основа за да покажаме како треба да се однесува една навистина зрела власт во државата и до овој момент мислам дека сето тоа функционира – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Клан Дебата“ на телевизија „Клан“.

На прашањето дали размислува за некоја поконкретна работа со албанската опозиција, Мицкоски порача дека не сака да разговара со луѓе коишто кога ќе кажат нешто не стојат до сопствениот збор.

Во принцип сакам да разговарам со луѓе чијшто збор држи, со луѓе коишто кога ќе кажат нешто стојат до сопствениот збор, што за жал во поледно време не го гледам кај владејачката ДУИ – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.