ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и не е против вистинска статистичка операција која детектира состојбата и развојот на земјата. Ова што се става на брза трака без учество на опозицијата е спротивно на се она што го слушаме како стихотворба за ЕУ интеграции, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва ѝ беше гостин на новинарката Снежана Лупевска – Созен во Топ тема на Телма.

Ова наликува на политичка трговија налик на трговијата на зелените пазари. Заев ги отплаќа долговите од добиеното претходно, рече тој.

Мицкоски смета дека кога се започнува со сериозна статстичка операција како што е пописот, логично е да бидат поканети сите чинители во земјата. Исто како и со референдумот.

Според оваа методологија ќе се попишуваат сите кои имаат матичен број во Македонија, но не значи дека се во Македонија и не знаеме дали се се уште живи. На изборите имаше лица кои не се живи, а нивните имиња постоеја во избирачкиот список. Има и граѓани кои се откажале од македонско државјанство за да се стекнат со други државанства. Има упатства од Еуростат како се врши попис, нема што ние да измислуваме, само треба да ги спроведеме, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.