Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва го коментираше и влегувањето на Алтернатива во Владата. Мицкоски кажа дека тој би се изненадил ако сега Африм Гаши се одлучи да остане во Владата, затоа што основната причина за неговиот влез била поради датумот за почеток на преговори. Но, откако не е добиен, сега Мицкоски очекува Гаши да не остане во Владата.
Ме информираше Гаши дека одлучил да биде дел од парламентарното мнозинство, но ќе ме изненади ако остане таму. Зошто? Затоа што не гледам ништо за она кое тој го даде како изговор за потребата да влезе. Еве, декември помина, гледаме дека главниот изговор, а тоа беше евроинтегративниот процес, не заврши така како што мислеше и како што му било ветувано, и што беше основна причина, исто како и овој пратеникот што исчезна што не можевме да го најдеме. Еве сега да видиме кој ќе биде изговорот да останат во најкорумпираната и најкриминална влада. Веројатно е тоа некој нов пристап, да се здружи со нив, рече Мицкоски кој кажа дека очекува сите политички партии кои не се сложуваат со политиките на СДСМ и на ДУИ, да излезат од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.