Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата по повод поскапувањето на цената на електричната енергија од страна на владата на СДСМ и порача дека ќе извршат притисок врз власта да го укине поскапувањето на струјата и политиките кои што не им одат во прилог на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција и практично сите оние неправди кои се нанесуваат на народот ние ќе го артикулираме заедно со народот и ќе го поддржиме народот на улиците, а паралелно со тоа ќе се бориме во институциите заедно со сите останати опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови кои што мислат дека сето ова што го прави оваа мафија на власт е погрешно и дека е спротивно на интересите на граѓаните. Така што ќе треба да се навикнат да го гледаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи партијата на улиците заедно со народот, истакна Мицкоски.

Tој кажа и дека упатиле повик до сите оние поединци, невладини организации без разлика на етничката припадност кои што ценат дека имаат антивладини ставови.

Ова кое што ние цениме дека го прави оваа Влада, оваа мафија на власт е погрешно на интересите на граѓаните да ни се придружат да се обединиме затоа што само така можеме заедно сите обединети и посилни да го бутнеме ова што денеска ни се случува во државата, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.