Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицскии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“.

Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димтров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не, рече Мицкоски.

Претседателот најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собрание ваквото барање и неделата потоа ќе се отвори дебата во парламентот.

Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.