Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 прашан дали после изборите ќе стане премиер или ќе биде сменет од позицијата прв човек на опозицијата, рече дека очекува триумф на неговата партија на локалните избори, а потоа и распишување на предвремени парламентарни избори.
-Прво да победиме на изборите, а потоа следува формирање на ново парламентарно мнозинство, и во брзо време очекувам распишување на предвремени парламентарни избори. Инаку на овие избори ќе победиме и по број на градоначалници и по број на гласови, рече Мицкоски.
Во исто време пак, премиерот Зоран Заев гостувајќи на телевизија Алсат рече дека по локалните избори, власта ќе го зголеми парламентарното мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.