Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле? – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест „Оставка на Заев,слобода на народот“.
Тој даде одговор на ова прашање, велејќи прво победа на фер и демократски избори, а потоа одговорност и за криминалот и за велепредавството на владата предводена од Зоран Заев.
-Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија – рече Мицкоски.
На крајот од својот говор, упатувајќи порака до ЕУ рече:
Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.