Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, која учествуваше на Конгресот на ЕПП во Загреб ја продолжува меѓународната активност во Германија. Освен Мицкоски, на Конгресот на германската владејачка партија ЦДУ, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, во Лајпциг ќе отпатуваат и   потпретседателот Александар Николоски, членот на ИК Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Ќе бидат остварени билатерални средби со Јохан Вадефул, координатор на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, заменик-координатор на пратеничката група, Петер Бејер, пратеник на ЦДУ и член на Комисијата за надворешна политика, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политички приоритети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.