Ќе извлечеме сиже од јавната расправа за Законот за јавно обвинителство и ако тоа од експертската јавност се преточи во текстот, не гледам зошто не би поддржале, а овој старо-нов закон во никој случај ја нема нашата поддршка, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешниот престој во Прилеп, одговорајќи на новинарско прашање за мислењето на партијата за денешната јавна расправа за Законот за јавно обвинителство.

Па не знам да ја слушнеме јавната расправа, да видиме што ќе се зборува денска на таа јавна расправа, да извлечеме исто така едно сиже од тоа што е кажано. Ако тоа еве како експертска јавност биде преточено во законското решение во текстот на законското решение за законот за јавно обвинителство, тогаш ние како ВМРО-ДПМНЕ сето тоа ќе го поддржиме и не гледам причина зошто не би го поддржале. Но, ваков каков што е предлогот ние како ВМРО-ДПМНЕ овој старо-нов предлог ниту имаме намера, ниту пак ни  паѓа на памет да го поддржиме затоа што не сакаме да поддржиме уште една амнестија и аболиција на политичари од минатото, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.