Кога не може Зоран Заев да постигне нешто со материјализам и клиентелизам, тогаш почнува со закани, одговара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето дали Зоран Заев ќе го згази МВМРО-ДПМНЕ на следните избори.
Немам што да додадам, запознаени сме со примитивната матрица на Зоран Заев. Ние што имавме кажавме во рамките на Собрането. Подготвени сме да го направиме тоа што го рече пратеникот Антонијо Милошоски во Собранието – да му ги исполниме двете желби на Зоран Заев, да биде министер за финансии, да предложи ВМРО-ДПМНЕ минисгри кои ќе бидат дел од таа техничка влада, да избереме технички премиер, го предложивме Анѓушев и за сто дена од сега предвремени парламентарни избори, па да видиме дали ќе му се исполни и втората желба да нè згази на избори. Но, еве гледаме дека не само што нема одговор, туку се крие да помисли да даде одговор на ова прашање. Само на тој начин ќе видиме дали Зоран Заев ќе не згази или ќе биде згазен. Јас сепак, мислам дека ќе биде ова второво – дека ќе биде прегазен, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.