Иако СДСМ ја заснова својата кампања во 2016 година на паролата “Нема правда, нема мир”, сепак после речиси четири години сведоци сме на тоа дека не само што не е донесена правда во државата, туку напротив, државата е полна со криминал и корупција.
СДСМ на неколку пати ветуваше промена на судии и обвинители, со цел расчистување на инкриминираните судии и обвинители, но тоа не се случи. Дали тие луѓе се главните играчи на СДСМ?
“ВМРО-ДПМНЕ ветува и се обврзува на прочешлување на Сваровски и Луј Витон судството, но и на тоа каде завршиле парите од куферчето. Судството кое со години наназад било корумпирано, редно е да се стави во функција онакво какво што му е потребно на народот”, вели Мицкоски.
Република Македонија е една од најкорупираните држави во Европа, а тоа е резултат на СДСМ и Зоран Заев кои наместо да донесат право и правдина во државата, донесоа трас трас одлуки во Луј Витон судството. За сите нарачани одлуки, ќе следува одговорност, заврши Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.