Христијан Мицкоски ќе дојде на лидерска средба која ја најави премиерот Зоран Заев само ако на средбата со разговара за предвремени парламентарни избори, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Денеска на прес-конфернеција Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок на која што треба да се разговара за пописот, СЈО и Изборниот законик.
Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности. Веднаш потоа може да се разговара за се останато, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија коментираат дека во денешното обраќање на Заев се видело дека тој бега од избори со самото тоа што кажал оти може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат под притисок за предвремени парламентарни избори.
Со самото тоа тој покажува дека се плаши, од проста причина што целата јавност е сведок на големата корумпираност, на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии…“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.