Владата во моментот ја подржуваат 59 пратеника. А, 60 се тие кои што не ја поддржуваат. И еден имаме кој што не знаеме лавира лево десно, не знаеме со срцето бил ваму, со главата бил таму итн. а, во суштина мислам дека сериозно е заседнат во некоја фотелја или на Бихакќа или во Мала Речица – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување за „Утрински Брифинг“, говорејќи за Кастриот Реџепи.

Мицкоски додаде дека а што се однесува до господинот Африм Гаши, тие се во постојана комуникација, секојдневно.

Сепак тој е претседател на политичка партија и има своја структура и има свои соработници, и тие ќе одлучат понатаму како да ја градат својата политичка иднина. Последно е дека господинот Африм Гаши е во коалиција со господинот Зијадин Села во рамките на коалицијата која што ја формираа и на предвремените парламентарни избори и на овие локални избори – рече Мицкоски говорејќи за Африм Гаши.

Мицкоски посочи дека советникот на господинот Африм Гаши во Советот на Град Скопје го поддржа новиот претседавач на Град Скопје, професорот Трајко Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.