Како криминално почнаа така и завршуваат, порача утрово преку својот фејсбук-профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да туркате закон за јавно обвинителство на седница пред полноќ;

 

Да носите суштински закон за јавно обвинителство по скратена постапка;

 

Да го повлечете истиот закон, да тврдите дека се сменети само точки и запирки и да го вратите законот во процедура со изменети цели реченици и членови;

 

Да правите фалсификат и од Владата да пристигне закон кој не е изгласан од влада;

 

Да се борите така жилаво да не важат разговорите затоа што Заев се плаши да не има за него;

 

Значи само едно:

 

Заев со овој закон се бори за амнестија и тоа: за сопствена амнестија, амнестија на своите соработници во криминалот од раководството и коалицијата, и амнестија на своите слуги, напиша Мицкоски.

Од една страна, додава Мицкоски, туркаат закон за обвинителство пред избори чие одложено дејство ќе биде по изборите, поточно од 30 јуни, а многу им се да дадат 4 месеци експертите да изготват уставен закон за обвинителство.

Ова не го прифаќаат зошто им се откриваат скриените намери за амнестија. Нема закон кој не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. Им гори под нозете и затоа овие прекршувања. 12 април доаѓа!!!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.