Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи можел да се појави во Собранието на денот на гласање недоверба на Владата и да гласа по свое убедување.
Доколку Кастриот Реџепи веруваше дека ова иднина, која што тој ја споменува, со срцето таму – со душата онаму е вистинска, тогаш тој можеше да дојде во Парламентот и да гласа по своја волја и убедување. Јавноста знае дека вистинската причина за не доаѓањето на Реџепи е сосема друга и сосема поинаква – вели Мицкоски.
Тој додава дека ни самиот Реџепи не верува дека на 14 декември Македонија ќе добие датум за преговори.
Ова беше мал политички маневар да го оправда тој кој што му го причини тоа за кое што тој беше дента изолиран од Собранието и оневозможен да присуствува на седницата – порачува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.