Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, како и за очекувањата во наредниот период во однос на формирање ново парламентарно мнозинство.
Мицкоски потенцираше дека СДСМ доживеа дебакл на локалните избори и дека тоа е доволна причина Зоран Заев да ја поднесе оставката уште утре, иако самиот ја најави уште пред една недела.
Мицкоски додаде дека не е коректно од страна на Заев да се обидува да го користи преспанскиот договор како своја лична заштита и да продолжува со криминалите, бидејќи и ЕУ, а и граѓаните на Република Македонија се уверија дека Зоран Заев аамо ветуваше и лажеше, а не исполни ништо од условите за ЕУ.
Неколку години наназад се обраќа кон јавноста користејќи ја придавката, иако е свесен дека со тоа задира во чувствата на граѓаните, по цена да се додвори кај соседните земји. Јас тоа нема да го правам, бидејќи сум доволно свесен за манипулацијата во врска со придавката и нејзината примена, додаде Мицкоски.
Граѓаните на Република Македонија избраа просперитет и нови проекти, наспроти криминал и стагнација на целата земја. Тоа е голема чест, но и одговорност, и токму поради тоа новите градоначалници се зафатија со работа уште од првиот ден, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.