Јас како човек и како политичар го немам правото, не сакам и нема да газам по коските на илјадници генерации, нема да газам по делото на Ченто, Апостолски, Мирче Ацев, Корчагин, Страшо, Стив Наумов и сите други херои. А ако предавството (или- штетен договор) се случи и има штетен договор со кој ќе се порекне македонски јазик, идентитет, историја, или постоење на македонско малцинство тогаш наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го поништи. А Заев ќе дојде ден кога ќе одговара пред историјата и законите.

Според Мицкоски, нема Mакедонец ниту било кој граѓанин што и малку ја чуствуваа оваа земја како своја што не се чуствува понижено, навредено од сите оние изјави дека народот ни бил вештачки, дека јазикот е дрво без корен, туку така измислен 45тата година, дека нашите свети борци за слобода биле бугари и што уште не.

И сега треба да се правиме отсутни од реалноста и историските факти и да прифатиме дека тука имало бугарска администрација, а не окупаторска војска, фашистите да ги правиме ослободители и што уште не.
Тоа боли, но уште повеќе боли тоа што владата и Заев молчи на сето ова и не одговара ниту демантира.
Згора на тоа сведоци сме и на таен нон пејпер кој Владата не го коментира, ама го прифатила и притоа необјаснувајќи во чие име тоа го направила и со кого се консултирала за сето ова – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.