Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис.

На средбата се разговараше за престојните парламентарни избори, актуелните политички состојби во државата, македонската европерспектива и проблемите со кои се соочува нашата држава. Како клучен проблем со кој се соочува Република Македонија, Мицкоски го истакна проблемот со високата корупција, тој напомена дека во нашата држава има низа на неразрешени криминални афери во кои се вмешани највисоките структури на власта. Тој посочи дека неказнивоста на криминалот и корупцијата ја кочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија, информираат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека по победата на 12-ти април, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на суштинските реформи, по 12-ти април и додаде дека Република Македонија ќе се најде на брзата трака за членство во Европската Унија.

Во однос на изборниот процес соговорниците беа согласни дека фер и демократски парламентарни избори се основата на една европска демократија, иднината на државата зависи од овие избори, открија од партијата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.