Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со aмбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп.
На средбата Мицкоски се заблагодарил за принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласил дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци.
Мицкоски ја нагласил стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата.
Соговорниците ја афирмирале потребата од оддржување на фер и кредибилни локални избори оваа есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.