“Ја сакам Чемерија”- среде Скопје, а непростлив “грев” е кога се вее знамето со сонцето од Кутлеш, се шепоти придавката македонски и Зоран Заев се плаши и извинува за зборовите “македонска репрезентација”, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Ваквите провокации се предизборен маркетинг и секогаш кога нема да испорачаат резултати бегството е на национално запаливите теми. Зошто? За да продолжат да крадат, да не се говори за блокадите на патот кон ЕУ, да не се говори за сиромаштијата и бранот на поскапување.
Почитувани сограѓани,
Додека оваа земја ја водат неспособни луѓе, срамот ќе го носиме сите ние. Овие луѓе се способни само за криминал и лаги. Треба да се стави крај на ова!
За неколку месеци од денес Вие одлучувате дали сакате да живеете во ова секојдневие на криминал, корупција, срам, понижување и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе.
#ОдговорностЌеИма
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе, пишува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.