Во денешната изјава за медиуми во Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со незадоволството и ставовите на одредени владините коалициски партнери, истакна дека владината коалиција е пластелин коалиција, коалиција која има за цел да го продолжи политичкиот век за неколку недели на врхушката на СДСМ, а во која не се знае кој е задоволен затоа што сите се незадоволни.

Сите се таму незадоволни, во разговори со мене сите се незадоволни, таму не се знае кој е задоволен, дури и во СДСМ меѓу себе изразуваат незадоволство, ова е пластелин коалиција, коалиција за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој истакна исто така дека оваа коалиција е само обид во режија на Зоран Заев за доуништување на она кое остана од Македонија.

Жалам што мораме да бидеме сведоци уште некоја недела на она коешто го приредува Зоран Заев и СДСМ, но ние ќе се бориме со сите демократски алатки коишто ни стојат на располагање, час поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори, изјави претседателот Мицкоски од Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.