Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и сè уште е замрзнат, незаконски. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција им се обрати на членовите на партијата, најавувајќи дека и покрај сè, денеска е почетокот на крајот на СДСМ.
Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам. Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобода. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ, рече Мицкоски.
Ако ме прашувате каква иднина нè чека, продолжи Мицкоски, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.