Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати длабоко сочувство за смртта на претседателот на Партијата на Власите во Македонија, Мите Костов.
Г-динот Мите Костов беше искрен и чесен човек, вреден работник и посветен пријател кој секогаш интересите на влашката заедница и македонската држава ги ставаше на прво место.
Заедно победивме многу битки, заедно бевме и во добро и лошо и во периодот кога бев Генерален секретар, но и сега како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Г-динот Костов за жал не успеа да ја победи најважната битка. Ова потврдува дека здравствената криза е сериозна закана.
Се сеќавам како секогаш придонесуваше со својата мудрост и искуство и се бореше за своите цели. Премногу тешко е да се збогуваш со неколку соработници за неколку недели, но ветувам дека ние ќе продолжиме да го одиме патот каде што застанаа моите соработници и пријатели.
Мите Костов, пријателе, почивај во мир, лесна ти земја. Секогаш ќе те паметиме! – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.