Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ изрази длабоко сочуство до семејствата на загинатите во силниот земјотрес кој ја погоди Турција.
Изразувам длабоко сочувство за Турција и пријателскиот турски народ поради последиците од разорниот земјотрес. Сочувство до семејствата на загинатите. Во овие тешки моменти нашите срца и мисли се со Вас и со семејствата на повредените од настанатата катастрофа. Посакувам што побргу да ги надминете штетите и убеден сум дека солидарноста и хуманоста ќе дојде до израз, напиша Мицкоски на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.