Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митингот во Радовиш порача дека големите одлуки зависат од народот, повикувајќи да излезат и да покажат дека се за иднина која заедно ќе ја создадат.

Драги радовишани затоа излезете на овие избори и гласајте. Затоа што ако не излезете и не гласате, тогаш ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете дома, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти да се биде гласен. Нашиот народ знаел да биде гласен многу пати во минатото, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека овие избори се шанса за промени и нова иднина на тивкото мнозинство.

Овие избори се шанса за промени, за подобро утре. Шансата е пред нас за да се променат работите. Излезете и покажете дали сте за иднина која заедно ќе ја создаваме или навистина се чувствувате подобро и најдобро како што велат овие, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.