Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ги повиќа граѓаните преку самостојна проверка на избирачкиот список да не дозволат гласот да им биде злоупотребен.
Рокот за проверка на избирачкиот список е до 09.09.2021. Преку самостојна проверка, не дозволувајте вашиот глас да биде злоупотребен на овие избори. Да не дозволиме манипулации.
Процесот е едноставен:
1. Отворете ја веб страницата: www. izbirackispisok.gov.mk
2. Внесете го својот матичен број и кодот за верификација, како што е покажано на сликата во продолжение.
3. Ако сте на избирачкиот список, ќе видите на кое избирачко место гласате, на која улица и општина.
4. Ако не сте на избирачкиот список, ќе добиете соодветна порака.
5. Во случај да не сте дел од избирачкиот список, веднаш исконтактирајте ги одговорните лица од ДИК на еден од броевите, според вашата општината на живеење.
Излезете и гласајте за промени! Од вашиот глас зависи каква иднина ќе создадеме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.