Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил објави дека излегува од домашната изолација откако и вториот тест што му го направиле е негативен.

Тој на сите кои се инфицирани од Ковид-19 им посака добро побрзо оздравување.

Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме. Овој најголем празник ќе го прославиме во кругот на семејството, и така ќе спасиме човечки животи, а на Христовото воскресение ќе се радуваме со нашите најблиски. Многу среќа, успеси и следниот Велигден заедно да го славиме во Божјите храмови. Бидете живи и здрави-порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.