Предвремените парламентарни избори закажани за 12 април идната година не претставуваат проблем за ратификација на Протоколот за НАТО, затоа што Собранието може во секој момент вонредно да се состане, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Собранието во Шпанија би требало да се формира во првата половина на декември и тогаш да помине ратификацијата на протоколот имајќи предвид дека Владата на Шпанија позитивно се има произнесено за овој протокол. Во втората половина на декември или во првата половина на јануари би требало да пристигне кај нас да се ратификува и во рамките на нашиот парламент како конечна ратификација на протоколот. Имајќи предвид дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари, iмаме доволно време за успешна процедура, рече Мицкоски во интервју за ТВ Шења.

Мицкоски вели дека доколку тоа не се случи во тој период до распуштање на Собранието, тогаш има шанса Собранието да се свика поради итни и неодложни работи.

Доколку тоа не се случи во тој меѓупериод, како што толкуваше и претставник на Кабинетот на претседателот, професор на Правниот факултет. Тој на лидерската даде толкување дека поради итни и неодложни работи може да се свика парламентот. Тоа беше пракса и во минатото, се сеќавате кога Зоран Заев сакаше, па не сакаше избори, кога беше опозиција. Така што не е пречка и нема да биде проблем доколку во меѓувреме не се случат овие работи, повторно поради итни и неодложни работи парламентот да се состане, објасни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.