Избори ќе има кога ќе бидат обезбедени услови за фер и демократски избори, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека не сака да биде мандатар во време кога се бројат жртви од корона вирусот.

За тоа како понатаму без избори, вели очекува да се договорат на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

Во врска со поднесената иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 16 февруари, Мицкоски вели дека и во минатото имало таква иницијатива, но тогаш Уставниот суд ја отфрлил како неоснована. За конечен став од партијата побара да се почека одлуката на Уставен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.