Нема одговор на последните закани на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која го повтори официјалниот став на Бугарија дека доколку Македонија не ги признае бугарските корени, Бугарија ќе го блокира влезот во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира на инсистирањето на Бугарија да ја признаеме „историската вистина“.

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени.
Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.
Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!, пишува Мицкоски.

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 31 October 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.