Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до хрватската амбасадока во Македонија, Нивес Тигањ, изразувајќи најдлабоко сочувство до хрватскиот народ и жртвите од земјотресот кој денеска ја погоди Хрватска.
Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Петриња. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка.
За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе. Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес, пишува во телеграмата со сочувство до Хрватска и хрватскиот народ лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.