Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од вечерашниот масовен митинг на партијата пред зградата на Владата во Скопје, им се обрати и на разочараните членови на СДСМ, како што рече, на кои вистински им значи Македонија и кои знаат дека корупцијата и криминалот не се работи кои се оправдуваат.
Се обраќам и до оние кои чекореа по овие улици и вистински се понадеваа дека ќе се изборат да има правда и да има мир. Знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна. А воедно Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа. И не е ова СДСМ на кое се надеваа, ова е Зоран Заев кој нив ги измами. Сега е моментот кога треба да бидете доследни на она во што верувате, бидејќи живот без идеали е како куќа без темели. А, што е животот во Македонија? Ништо, дрво без корен. Македонија е во нас околу нас, таа е наша емоција и наша суштина. Се да имаме Македонија ако ја немаме, ништо немаме, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.