Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  при учеството на обуката организирана од Кондар Аденауер, а во врска со поттикнување на демократија на локално ниво запрашан за тоа дека како партија изнесувате информации за имотната состојба на Шилегов, но кое е решението, истакна дека решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите.

Решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека во земјава има Финансиска полиција, Управа за јавни приходи, Антикорупциска комисија, кои треба да ги проверат имотните листови на Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.