Недозволиво е да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи тоа е Македонија, рече во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како да не ме погаѓа темата за Гоце Делчев? Ние зборуваме за Гоце Делчев, овој народ го одбрал тој јунак и околу тој јунак ја содавала државава, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци, но со ликот и делото на Гоце Делчев сме ја воделе и создавале оваа држава, а тој за Македонија е она што за Турција е Кемал Ататурк, за Србија Цар Душан итн.
Можеби во некои минати времиња не толку често се споменувале Татарчев, не знам Протугеров или било кои други јунаци. Но. Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава, посочи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека за оваа тема не треба ни да се помисли да се преговара, едноставно е недозволиво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.