Донесовме едногласна одлука дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува и победи на изборите за кои очекуваме Џафери да ги закаже на 15 јули, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно обраќање.

Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, потточно ранливите категории на граѓани да гласаат од дома, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Сигурно се прашуваа многумина, зошто имаше одолговлекување на сето ова, но не можев да прифатам избори коишто ќе значеа газење по човечки животи и газење по здравјето на граѓаните и секако не можам да прифатам избори помалку демократски од една Белорусија – рече Мицкоски.

Дали е ова лесна одлука, рече Мицкоски, секако дека не.

Имаме обврска кон државата да го поразиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и да го поразиме веднаш, еве го тој момент. Државата тоне, а граѓаните страдаат- рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.