Овој наш протест овде денес е повеќе од партиски, овој наш протест е на народот против лошите политики кои носат лош живот и урнисано достоинство. Заедно заедно ќе победиме, рече на денешниот протест пред владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓипјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот – истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.