Се уште стојам на тоа што беше кажано дека пратеници од СДСМ сакаат да ја напуштат пратеничката група и Зоран Заев – рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Претседателот на партијата, Мицкоски истакна дека на тоа работат самите тие кои се незадоволни од Заев.

На тоа работат тие кои сакаат да го напуштат Зоран Заев. Има пратеници кои сакаат да го напуштат Заев затоа што им ветувал многу, а не исполнил ништо. Тие се незадоволни од тоа како Заев ја менаџира партијата, коалицијата и државата – кажа Мицкоски.

Според Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ тука нема што да прави бидејќи поединци се свесни и сами си одат зошто се излажани, или ветувал многу, а не направил ништо.

Тие незадоволните сами доаѓаат и кажуваат. Ние само сакаме државата, Собранието да не бидат панаѓур како што тоа можевме да го видиме – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.