Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел обвинува дека власта на СДСМ заклучно до месец јуни има направено дефицит од 26 милијарди денари, потенцирајќи дека тоа се потрошени пари исклучиво и само за поткуп на овие избори.
Кога збориме за економските мерки, еве вчера го видов дефицитот кој заклучно со јуни месец е точно 26 милијарди денари. Тоа се пари потрошени исклучиво и само за поткуп на овие избори, вели Мицкоски.
Тој укажа дека за цела 2020 година биле планирани да се потрошат некаде помалку од 18 милијарди денари, додавајќи дека поради ваквата погрешна политика СДСМ и Зоран Заев го задолжиле секое семејство за нови 52 илјади денари или дополнителни 850 евра.
Планирано беше само да бидат потрошени помалку од 18 милијарди цела 2020 година, денеска благодарение на погрешните политики на Зоран Заев кој што овде стои пред мене, тој секое семејство во Македонија го има задолжено за дополнителни 52 илјади денари или дополнителни 850 евра, ете таква пљачка и погрешна политика ни се случува со Заев, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.