Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека постојат две верзии од полициското известување во врска со случајот за изнуда од компанија добитник на тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола. Како што кажа тој, во второто изостанува дел во кој се споменуваат клучни имиња поврзани со случајот.
„Откако претпоставувам дека е даден исказот, МВР составило известување кое го однело во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и откако виделе дека таму се наоѓаат овие имиња, коишто се поврзуваат со семејството на власт, отишле определени луѓе, постојат основани сомненија дека станува збор за лицето Лазе Велковски, не можам да тврдам дека е тој, ја зема првичната верзија на записникот и ја враќа втората верзија, каде тој дел го нема“, рече Мицкоски, додавајќи дека документите за случајот им биле доставени од „свиркач“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.